Црна Гора го потпиша Темелниот договор со СПЦ

news

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфириј, во Подгорица го потпишаа Темелниот договор со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора.

Advertisement

На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот министер за правда, Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникије.

Владата на Црна Гора и Српската православна црква претходно официјално не го објавија доаѓањето на патријархот Порфириj во Подгорица, а точниот датум на потпишување на договорот не беше јавно соопштен.

РТС јави дека за време на потпишувањето на договорот, пред вилата „Горица“ во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани, а полицијата ги блокирала приодите до вилата.

Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред неколку дена се закани дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија ДПС досега и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ, што би довело до нејзино паѓање.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.