Адеми од ДУИ: Дуи е политичка академија за другите

news
Advertisement

Коментирајќи ја последната анкета објавена од американскиот институт ИРИ, потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми изјави дека ДУИ и Али Ахмети се училиште за сите други албански политички партии во земјава и дека граѓаните секогаш ја ценат работата и ангажманот на ДУИ, пренесе „Индекс“.

Advertisement

Првото место во анкетата на ИРИ е резервирано за ДУИ, а во врска со ова, Адеми вели дека другите албански политички партии треба да учат од Демократската унија за интеграција.

Инаку, анкетата што вчера ја објави Американскиот институт ИРИ, укажува дека ДУИ во албанскиот политички табор е прва партија и нејзиниот лидер Али Ахмети ужива најголема доверба од сите албански политички лидери.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.