Албанските кандидати за претседател ќе бидат Арбен Таравари и Бујар Османи
Арбен Таравари ќе биде кандидат за претседател кој ќе го поддржи албанската опозиција (Европската унија за промени), јавува ТВ21.
Арбен Таравари и формално е претседател на Алијансата за Албанците, иако дел од партијата, предводена од претседателот на Централното собрание Зиадин Села, не се согласува со одлуката на Таравари за предизборна коалиција со албанската опозиција.
ТВ21 од извори во ДУИ дознава дека дури и интегралистите ќе го претстават својот кандидат на претседателските избори.
Како што соопштуваат од таму, се расправало дали кандидатот да биде партиски или непартиски.
Како непартиски имиња се споменуваат Имер Селмани, Абдилменаф Беџети и Беса Арифи.
Но, по исцрпување на расправата, одлучено е кандидатот да дојде од партијата, а како што информира изворот, најсериозно име е Бујар Османи.