Али Ахмети: Членство во ЕУ заложба за идните генерации

news
Advertisement

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска четврти ден по ред се сретна со сопартијците и со граѓаните на општина Гостивар, поточно со жителите на Дутлок, Леска, Бањешница, Големо Турчане, Мало Турчане, Лакавица, Горна Бањица, Долна Бањица, Голем Пазар, Бег маало, Фазанерија и Циглана.

Advertisement

Покрај Ахмети, можност да се обратат имаа и претседателот на Собранието Талат Џафери, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар Валдет Џафери како и пратеничката Вјолца Латифи Адеми.

„Успешноста на едно движење зависи од определбите, доколку се утврди вистинската страна на историските и големите процеси. Како Албанци, решени сме да бидеме во вистинскиот пат, каде што се промовира демократијата. Овде се промовира правна држава каде функционираат сите тие што ги кажав погоре. Ние во политиката сме во контуинитет 20 години и сме точно на вистинската страна. Не случајно нашето мото е “Заедно за Европа”, бидејќи се спроведени низа процеси, постигнато е членство во НАТО, Охридскиот договор. Секако дека има уште многу работа. Политичко движење како нашето, се разбира, без експертска идеја и концепт не може да создаде програма и платформа. ДУИ овие 20 години ги инвестираше во обука на кадри. Се гордеам со кадрите кои ни го белеат образот. Ме прават среќен затоа што се огледало на државата, а тоа ме прави неуморен да продолжиме и да одиме напред. Додека зборуваме, Бујар се враќа од Украина. Скринингот што започна кај нас се прави за земјите кои бараат влез во ЕУ. Земјите од ЕУ треба да споделуваат фондови за да можеме да ги усогласиме стандардите со нив. Односите со соседите се наш приоритет, како и одржувањето на стабилноста. Друг приоритет е да имаме силни иницијативи во областа на инфраструктурата, канализацијата и отпадни води. Овие иницијативи се на добар пат, но не се реализираат преку ноќ. На почетокот на пролетта се надевам дека ќе отпочнат работите за Коридорот 8. Не беше лесно да се започне Коридорот 8 и железницата што ќе го поврзе Скопје со Драч, со сувото пристаниште во Струга. Членството на земјата во ЕУ е бенефит за идните генерации. Бев многу среќен кога почнаа работите за реконструкција на касарната „Илинден“ која му е доделена на Универзитетот. Со трпение, свежина и мудрост, процесите се движат напред. Може ли подобро, да, на доброто му нема крај. Не дека јас сум претседател, ДУИ е партијата со најголема внатрешна демократија. Работиме добро и внатре и во институциите. Каде има поголема демократија од избор со принципот еден член еден глас? Како партија ја поддржуваме економијата. Нашата цел е зајакнување на државата, економијата и правдата. Почнувајќи од мене, ќе го започнеме ветингот, судството и обвинителството да бидат чисти и правични, со експерти од странство“, нагласи Ахмети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.