Али Ахмети ја „изгаси огнената група“ во ДУИ – Им додели високи функции, Талат Џафери демонстративно го напушти состанокот

news
Advertisement

„Немаше незадоволство. Имаше менаџирање, дебатирање, дијалог за непречено одвивање на процесот“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Advertisement

Ова го изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети на самиот почеток од состанокот на Генералниот совет, но од сето она што е видено и слушнато, покажува дека последниот месец, а особено овие два дена, беа со драматични случувања во рамките на Демократската Унија за интеграција.

Синоќа по 6-часовна средба во штабот во Мала Речица, интегративците, поделени во два табора меѓу помладата генерација и таканаречената „огнена група“, конечно излегоа со договор за имињата кои ќе бидат на чело на партијата. Кога се очекуваше претседателот Али Ахмети барем да не ги прифати барањата на незадоволните, оставајќи ги надвор од раководството на партијата, се се смени!

Првичните имиња кои вчера кружеа за лидерските позиции на партијата, од „огнената група“ се чинеше дека само Изет Меџити ќе биде утехата, кој беше предложен за потпретседател на ДУИ. На истиот првичен список, за потпретседател беше предложена и заменичката од Гостивар, Арта Зендели-Биљали, а за организациски секретар Валдет Џафери, две личности за кои меѓу интегративците отворено се знае дека не се дел од блиските луѓе на Невзат Бејта. Потоа, зачудувачки, овие две имиња исчезнуваат од неофицијалната листа, која не беше потврдена од партијата. Од ова може да се наметне дека Невзат Бејта се враќа „во игра“ со отстранување на овие два предлози и вметнувањето на Саранда Имери за секретар за еднакви можности, за која се знае дека е блиска до сопартиецот Бејта од гостиварскиот огранок. Нејзиното име беше потврдено денеска по 4. седница на Генералниот совет на ДУИ, со присуство на сите членови. Од таму информираат дека „Организацискиот совет на ДУИ едногласно ги одобри имињата предложени од претседавачот Али Ахмети за членови на Централното претседателство“.

Така, Фатон Ахмети е избран за генерален секретар, Блерим Буџети, дел од „огнената група“ е избран за организациски секретар. Неговиот сопартиец Изет Меџити, исто така од групата на незадоволните, е избран за потпретседател од огранокот Чаир. Истата функција ќе ја имаат Бајрам Реџепи кој доаѓа од тетовските интегративци, Арбр Адеми од Кумановско-Липковско и Арбана Пашоли од Дебар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.