АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА СЕ ЗАКАНИ – СИТЕ КОИ ПРАВАТ ЗАКАНИ ИЛИ КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО ЌЕ СЕ ПОВИКААТ НА ОДГОВОРНОСТ

news
Advertisement

Сите кои прават притисок, закани или корумптивни зделки во македонското судство, да бидат повикани на одговорност, за ТВ 24, порачува американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер.

Advertisement

На прашањето како го коментира фактот што Македонија се соочува со низа скандали во судството, во исто време кога во Брисел на билатерален скрининг се отвора едно од најважните поглавја 23 правосудство, Агелер вели:

Граѓаните на Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат мериторен, транспарентен процес, без разлика дали е тоа во обвинителството, судството или која било друга јавна институција. Во овие постапки нема место за политичко мешање. Оние кои би се вмешале преку притисоци, закани или коруптивни зделки на задна врата, треба да бидат посочени и повикани на одговорност од народот на оваа земја, вели Анџела Прајс Агелер американска амбасадорка во Македонија

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.