Амир од Скопје е детето од улица, но е доказ дека кога постои волја сè може да се постигне

news
Advertisement

Јавноста пред извесно време ја потр ее но и израдува веста за младиот Амир Дестанов кој освои трето место на меѓународниот натпревар по математика „Кенгур“.

Судбината си поиграла со ова младо момче, нема лесно детство, останал без родители. Нема посебна соба за учење како останатие деца.

Наставничката по математика изјави дека иако во панде мијата немал пристап за онлајн настава и морал да учи од книги и на свеќи сепак забележал одлични резултати.

Девет години е редовен во дневниот центар за деца од улица во Скопје. Таму си го наоѓа своето засолниште и катче за работа заедно со педесетина деца кои питале или биле на улица.

– Учиме, пишуваме, решаваме задачи секој ден со наставничките и со наставникот. Се дружиме, си помагаме, имам пријатели и секој ден ми е се поубаво тука, вели Амир за Сител ТВ.

Амир за да оди на „Кенгур“ учел и во центарот решавајќи заедно со наставникот Филип, но и во училиште. Сакал да учествува, но немал 200 денари да уплати, па во договор со директорот му обезбедиле средства.

Натпреварите по математика го мотивирале Амир да продолжи да другарува со бројките, а во иднина сака да се насочи кон информатичките науки.

– Информатичар сакам, со компјутери да работам, искрено вели младиот Амир. Успехот на Амир е преубава вест која се сподели со многу радост во јавноста.

– Не радува овој успех што Амир го има постигнато. Тоа е можеби благодарение на дневниот центар којшто навистина работи посветено со самите дечиња.

Амир беше евидентиран како дете на улица на Битпазар заедно со неговата мајка на петгодишна возраст. Амир на почетокот беше многу тивко, повлечено, некомуникативно дете, но не беше јазикот преч ка туку имаше пот ешкотии во изразување.

Со Амир и понатаму ќе се продолжи со работа на оние работни, културни вештини, меѓутоа и на подобрување на социјалното однесување, велат од дневниот центар.

Амир редовноста на улица ја замени со редовност во дневниот центар и питачењето го остава зад себе. Почнува со ангажман за продажба на списанието „Лице в лице“ по негова иницијатива.

– Се стекнува работна интеграција за да може понатаму да се вклучи на пазарот на трудот, да биде поконкурентен и воедно и да си заработи чесно и достоинствено наместо да оди по контејнери.

Верувам дека се срами од питачењето и самиот е свесен, па дури позитивен пример дава и на средината. Вели не му е местото на детето таму, се знае во училиште, додаваат од дневниот центар во Скопје.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.