Андоновска: Aрсовска шест месеци не доаѓа на седници за советнички прашања

news
Advertisement

Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, на денешната седница за советнички прашања, на која повторно не е присутна градоначалничката, Данела Арсовска.

Advertisement

Андоновска посочи дека има повеќе од 50-тина прашања од граѓани кои што во овие шест месеци ги собрала од средбите со граѓани, а нема како да и ги постави на градоначалничката, освен на овие седници и на седниците кои што се предвидени за советнички прашања.

„Тоа не се мои лични прашања, тоа се прашања на граѓаните и таа како градоначалник избрана од граѓаните има одговорност и должност да биде присутна тука за да можеме да и ги поставиме истите прашања и граѓаните да добијат одговор. Ако таа не чувствува одговорност од оние што ја избрале, тогаш како истата мисли да формира партија и да ги бара гласовите од истите тие граѓани на кои не им одговара со месеци“, истакна Андоновска.

Додаде дека на овие седници, исто така, се носат одлуки кои имаат финансиски импликации кои се пари на граѓаните, а од друга страна, ниту Советот, ниту граѓаните имаат информации каде завршуваат овие народни средства, а градоначалничката никаде ја нема за да даде одговор.

„На овие седници се носат одлуки, тие одлуки имаат финансиски импликации, тие пари кои што ги предвидуваат одлуките, доколку бидат донесени, треба да се излеат од градската каса. Тоа не се пари ниту мои, ниту на Арсовска, ниту ваши, тоа се пари на граѓаните. За ние да ја донесеме таа одлука, ние мора да дебатираме, мора да ги вкрстиме аргументите и да донесеме најсоодветна и нај правилна одлука. Ние како Совет немаме информации каде завршуваат овие средства, ниту пак можеме да дадеме поддршка, од причина што овие пари не се наши лични туку се пари на граѓаните. Ако истава оваа градоначалничка не го чувствува тоа што јас го зборувам сега како факт, тогаш не знам зошто сеуште седи и ја држи позицијата и го блокира Скопје“, истакна Андоновска.

Андоновска го замоли претседателот на Советот, Трајко Славески да им одговори дали има услови денеска да се одржи оваа седница и да дојде градоначалничката да им одговори на прашањата на граѓаните.

„Доколку тоа не е така, барам седницата да не се затвори, како што не се затворени претходните две, туку да се одреди друг ден за да продолжи оваа седница, т.е., не оваа туку онаа од пред шест месеци што ја имавме, исто така за советнички прашања и да почнеме да ги реализираме седниците за советнички прашања онака како што треба, со присуство на градоначалник, со присуство на директорите и да може граѓаните да добијат одговор за сето она што ги засега“, потенцираше Андоновска.

Извор: https://republika.mk/vesti/skopje/andonovska-arsovska-shest-mesetsi-ne-doaga-na-sednitsi-za-sovetnichki-prashana/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.