ДОДЕКА НАРОДОТ ОСИРОМАШУВА БАНКИТЕ СЕ ИСКАЧУВААТ НА SEE TOP 100 ЛИСТАТА

news
Advertisement

❗️Погубните економски политики на социјал-демократите продолжуваат да го продлабочуваат ЈАЗОТ помеѓу богатите и сиромашните. Додека народот се соочува со нови трошоци и поскапувања, приходите на банките ескалираат и тие се искачуваат на меѓународните листи на најголеми компании.

Advertisement

⚠️На ранг листата на SEE TOP 100 во Југоисточна Европа се најдоа Комерцијална Банка АД на 46-то место, Стопанска Банка АД Скопје на 51-во место, НЛБ Банка на 54-то место, Халк банка АД на 67-мо место и Шпаркасе Банка на 69-то место. Компанијата ,,Џонсон Мети” се искачи на 30-то место со вкупен приход од 2 447,3 милиони евра, а за прв пат на листата се најде и ОКТА АД со вкупен приход од 976,3 милиони евра.

❌️Потсетуваме дека владејачкото мнозинство претходно го ОДБИ АНТИПРОВИЗОРСКИОТ ЗАКОН кој го поднесоа пратениците на #Левица, чија цел беше намалување на екстрапрофитите на банките кои ги остваруваат преку т.н. некаматни приходи, а неосновано ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите. Во услови на економска неизвесност, енергетска криза и сè уште високи стапки на инфлација, кои ги разјадуваат личните примања и ја ограничуваат побарувачката, најголемите компании во Македонија покажуваат извонредна издржливост.

🚩#Левица, од позиција на власт, законски ќе го ограничи делувањето на банките (кои профитираат од сиромаштијата на народот) и ПРОГРЕСИВНО ќе ги оданочи супер-профитите на најголемите компании. Економијата може да биде стабилна за граѓаните, но само ако не се дозволи приватниот капитал незауздано да ги експлоатира трудот и сиромаштијата на работниците. Напоша Левица на Facebook..

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.