Advertisement
Никола Груевски повторно е попопуларен политичар од Христијан Мицкоски, покажува најновата анкета на “Фокус” која во целост ќе биде објавена во текот на утрешниот ден.
Advertisement
Хајката која ја започна Мицкоски против Груевски очигледно е неуспешна затоа што покрај тоа што Груевски се уште има поголем рејтинг од Мицкоски, ваквиот непромислен потег на актуелниот претседател на партијата го намали и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа во предизборен период.
Како што можете да видите, анкетата покажува дека Мицкоски има рејтинг од 10,5, а Груевски од 11,1 процент.
После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски, но и во однос на Ковачевски.
Advertisement