Анкета на „Фокус“: Ковачевски станува најпопуларен политичар, за неполни две години активен политички ангажман

news
Advertisement

Актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, за неполни две години од седнувањето на „жешкото столче“ станува најпопуларен политичар во земјава, покажува последната анкета на „Фокус“.

Advertisement

Според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Груевски и Мицкоски, кои имаат 11,1 и 10,5 отсто поддршка од граѓаните.

Успешното справување со енергетската и економската криза очигледно го подигнаа рејтингот на премиерот Ковачевски.

Од друга страна, внатрешниот раздор и јавните расправии помеѓу актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски, покажуваат намалување на рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Никола Груевски и Христијан Мицкоски започнаа да се препукуваат во јавноста, започна да слабее рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, но и видлив стана раздорот и можноста за нова политичка опција поддржана од Груевски.

Според последната анкета на „Фокус“, прва по раздорот во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ужива поголема доверба од Мицкоски, што само ги засилува шпекулациите дека експремиерот би можел да поддржи нов политички субјект кој ќе настапи со сопствени листи на изборите.

Извор: https://centar.mk/blog/2023/10/08/anketa-na-fokus-kovachevski-stanuva-najpopularen-politichar-za-nepolni-dve-godini-aktiven-politichki-angazhman/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.