Арсовска со атак кон Мицкоски: Ти го фатив директорчето со рачињата во мед, никогаш нема да излезеш од тендер-матрицата

news
Advertisement

Каде е шпицниот градоначалник Мицкоски“, „немој да се криеш“, „немој да се закануваш“ беа дел од пораките што Арсовска ги упати кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако претходно кон неа упати обвинувања и прозивки советникот Луке Галески на седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје. Покрај за актуелните препукување околу проектот за пречистителната станица, ВМРО-ДПМНЕ ја праша и до каде е бесплатниот превоз за скопјани
Јавните обвинувања и остриот речник на релација Данела Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ продолжија и на денешната седница на Советот на Град Скопје. Предупредувања до Арсовска дека можеби за една година ќе се најде во обвинителство да дава исказ, но и обвинувања од нејзина страна дека „директорчињата на Мицкоски биле фатени со рацете во медот“ и ословување на Мицкоски со „шпицен градоначалник“, можеше да се слушнат уште по првото советничко прашање што ВМРО-ДПМНЕ ѝ го упати на градоначалничката.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.