Афера со ботови на Вучиќ ја тресе Србија

news
Advertisement

Афера со ботови ја тресе Србија. Според белградската редакција на ТВ„N1“, на интернет се појави листа од 14.310 профили на владејачката Српска напредна партија на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Тик Ток.

Advertisement

На нив ботови на владејачката партија испраќаат свои пораки и коментари во кои го идеализираат претседателот Александар Вучиќ и неговите политики или пак ги навредуваат и напаѓаат сите оние кои не мислат така, а на прво место српската опозиција и демонстрантите кои веќе неколку недели „шетаат“ и бараат заминување на Вучиќ од политичката сцена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.