Беа скарани со години: Ова е сестрата на убавата Шехерезад- живее во Америка, чисти куќи и шета кучиња

news
Advertisement

Сестрата на познатата турска актерка Бергузар Корел, Зејнеп Корел, приредила вистинска тортура за семејството, кога решила да го тужи семејството на почетокот на 2020 година, по смртта на нејзиниот татко, и да води спор околу наследството.

Во таа тужба таа барала да го продаде имотот што му припаѓал на нејзиниот татко и да го подели наследството, пишуваат турските медиуми за настанот кој ги разниша односите меѓу неа и нејзината сестра, популарната Шехерезад.

Advertisement

За време на судскиот процес, сестрата на Бергузар Корел се спогоди со семејството и немаше дополнителни судења и случајот беше затворен.

Зејнеп ретко се појавува во јавноста, бидејќи не сака да се експонира, а за нејзината сегашна врска со нејзината сестра Бергузар само се шпекулира.

Сестрата на Бергузар Корел работи во Америка. Зејнеп Корел, која има два факултети и има напишано две книги и има работено во многу менаџерски компании, моментално чисти куќи за (63 €), а шета кучиња навечер за (11 €) од час.

– „Да, чистам куќи и шетам кучиња. Многумина велат: “Зошто го правите ова кога вашето семејство е богато?” Но не, работата не е срамна. Не се срамам од мојата работа“, изјави Зејнеп во една прилика.

За потсетување, турската актерска двојка која имавме можност да ја погледнеме во серијата „1001 ноќ“ минатата година по трет пат се остварја во улогата на родители.

Убавата Шехерзад, актерката Бергузар Корел, го донесе своето трето дете, девојчето на кое му го даде името Лејла.

Актерката го привлече вниманието со својата необична љубовна приказна, со оглед на тоа што Халит поради неа ја остави бремената сопруга.

Неодамна нивното семејство се најде во фокусот на медиумите воглавно поради живеењето на две адреси.

Тие живеат на релација Лондон-Истанбул, а неодамна беше објавено дека трајно ќе се преселат во британската престолнина.

Сепак, на задоволство на нивните фанови, парот реши да го продоли животот во Турција, поради деловни и семејни обврски, а многумина се израдуваа на веста дека Бергузар по породувањето со ќерката Лејла, се враќа на малите екрани.

Покрај претставите, таа почна да работи и на некои телевизиски проекти, а со оглед на тоа дека поради децата беше на подолга пауза, оваа информација воодушеви многумина.

– Само што почнав да читам сценарија, искрено. Ако има работа за која сум возбудена во вистинско време, можам веднаш да почнам – изјавила актерката на која дури и бил откажан еден голем проект бидејќи била бремена и не можела да се обврзе.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.