Бесими: Граѓанската обврзница е меѓу најповолните финансиски производи и безризична инвестиција

news
Advertisement

Но, исто така, со граѓанската обврзница се проширува инвестициското портфолио преку развиен пазар на капитал, што е трета причина за инвестирање, борбата со сивата економија – која е четврта причина и инвестирање во подобро утре, во економски раст и развој, или петта причина, која ја наведува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата најнова колумна. Со купонска камата од 5% и рочност од две години, граѓанската обврзница во моментот е еден од најповолните хартии од вредност на пазарот, со добивка за две години од 10% на вложената сума. Државните хартии од вредност се и најсигурен инвестициски инструмент, бидејќи државата стои зад нив како издавач и ја гарантира нивната сигурност и сигурноста на приносот.

Advertisement

„Граѓанската обврзница има купонска камата, што значи дека каматата која државата ја плаќа на имателот се исплаќа на повеќе пати, согласно утврдените рокови во проспектот. Во случајот со граѓанските обврзници понудени на оваа аукција, каматата на имателот ќе му се исплати на 20.07.2024 и 20.07.2025. Тоа значи дека доколку некој сега инвестира 100.000 денари, на наведените датуми државата ќе му исплати камата од по 5.000 денари, или вкупно би имал принос од 10.000 денари за две години, или 10% од вредноста. При истекот на рокот на обврзницата, државата ја враќа и целата сума која граѓанинот ја инвестирал. Една обврзница има вредност од 10.000 денари, што е и минималната инвестиција која граѓаните можат да ја направат“, пишува Бесими.

Граѓаните сега, исто така, ќе можат да ги ползуваат овие придобивки, преку инструмент кој е дизајниран специјално за нив. Граѓанските обврзници нудат сигурност и од друг аспект, а тоа е заштитата на заштедите на граѓаните од ефектите од инфлацијата.

„Процедурата за инвестирање кај граѓанската обврзница е исклучително едноставна. Граѓаните треба да појдат во некоја од комерцијалните банки и да поднесат барање за учество на аукцијата, како и да извршат уплата на паричниот износ за кој сакаат да купат обврзници. Барањето треба да биде доставено до банката најдоцна еден ден пред одржувањето на аукцијата. По завршување на аукцијата, барателите склучуваат договор и обврзницата се записшува на нивно име, а потоа како што доспеваат роковите, им се исплаќа каматата“, пишува министерот за финансии.

Првата аукција на граѓански обврзници кај нас, ќе се одржи на 13 јули. Граѓаните ќе можат да поднесуваат барања до 12 јули. Вкупно ќе бидат понудени обврзници во вредност од 600 милиони денари, соопштуваат од МФ.

Бидете информирани следете не на Facebook
Жири комисијата на фестивалот составена од професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и д-р Стојанче Костов доделија и специјални награди за учесниците од Србија и Бугарија и за исполнители од Македонија. Наградите беа доделени на синоќешната втора, завршна вечер што се одржа на Рудина, Долнени.

На годинашниов Фестивал учествуваа околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија, како и гости од Србија и од Бугарија.

-Целта ја остваруваме – се негува, се зачувува и се пренесува богатиот изворен мелос на новите генерации. Сѐ повеќе млади ни доаѓаат. На прагот сме на петтата деценија од одржувањето на Фестивалот и горди сме што даваме придонес во негувањето на богатиот изворен мелос, рече Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот.

Во рамките на Фестивалот, по 13-ти пат се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, а по четврти пат Симпозиумот за фолклорот во минатото и денес.

Фондот за иновации и технолошки развој е водечка државна институција за поддршка на стартапи и иновативни компании во Македонија. Бројката од речиси 1.000 поддржани проекти, со обем на инвестиции од преку 118 милиони евра, говори дека Фондот е вистински дом на сите иновативни компании и главен мотор за развој на македонската компанија. ФИТР е единствена институција во државата која има сертификат ISO : 31007 за борба против корупција.

Јавниот повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е наменет за претпријатија и приватни здравствени установи, со цел да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандмиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за нивна трансформација.

Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот. Сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза. Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, кој е Претседател на КОИ е поранешен директор на Јаху а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи.

Исто така, сакаме да истакнеме дека согласно Правилникот на инструментот, финансиската поддршка од страна на Фондот е повратна и истата се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или пак за период од пет години по завршување на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истииот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.