Бизарно: Зависничка од пластични операции неподвижна поради имплантите, ќе ја убиеле нелегални инјекции

news
Advertisement

Мери Магдалена од Канада е позната по зависноста од пластични операции и не планира да запре, без разлика што неколкупати ќе го изгубела животот поради ваквите зафати. Сега таа открива дека нејзините импланти се толку тешки, што постојано чувствува болка и не може да оди.

Мери Магдалена е инфлуенсерка најпозната по зависноста од пластични операции.

Advertisement

30-годишната жена од Канада има огромни силиконски гради и огромен задник, а неодамна откри дека имплантите веќе ѝ пречат во движењето бидејќи ѝ предизвикуваат болки.

Но, изгледа ни ова нема да ја одврати од намерата да прави уште пластични операции.

Мери се отвори за проблемите што ѝ ги предизвикуваат имплантите со објава на Инстаграм Стори:

„Моите гради се толку тешки, што ќе ми треба инвалидска количка за движење. Во болка сум кога одам, но мислам дека луѓето ќе си помислат дека само барам внимание“.

Поради стравот дека ќе биде осудувана, Мери вели дека иако ѝ е потребна количка или слично помагало за движење, се срами да го побара на аеродром, па морала да оди и да трпи болки додека да влезе во авионот.

„Моите гради и задник се толку тешки, што повеќе немам глуждови бидејќи нозете ми се постојано отечени“.

Мери има потрошено над 100.000 долари на пластични операции, а нејзините импланти во градите тежат вкупно 10 килограми.

Мери има импланти и на задникот, а направила и неколку третмани за лифтинг на задникот, и тоа во нелегална клиника.

Мери открива дека пластичните хирурзи повеќе не сакале да прават никакви процедури на неа, па морала да оди во нелегални и непроверени клиники. А, токму ова можело да ја чини живот.

По процедура во нелегална клиника, силиконот во нејзиното тело почнал да скапува, па Мери речиси го изгубила животот.

Всушност, Мери и претходно си го има ризикувано животот за пластични операции и процедури.

Таа стана интернет сензација во 2018 година, по компликации за време на операција за зголемување на нејзината вагина.

„Добив две трансфузии на крв. Лекарот ми рече дека губам многу крв и дека сум многу бледа. Мислеше дека ќе умрам“, изјави тогаш Мери за The Sun.

Оттогаш Мери само продолжи со бизарностите – стави импланти во веѓите, направи операција на очите и дури четири операции на носот.

Годинава таа откри и дека поради многуте операции и инјекции, веќе не може да си ја затвори устата.

Мери вели дека не ѝ е грижа што буквално си го ризикува животот за бизарните операции.

„Кога одам на операција знам дека може да умрам. Може да загубам рака или нога. Но, да се надеваме на најдоброто“.

Истовремено, таа планира да прави уште операции.

„Не можете да ги зголемите деловите од телото наеднаш. Мислам дека луѓето не сфаќаат колку време, труд и пари се потребни за тоа“.

Повеќе од очигледно е дека Мери навистина е зависна од пластични операции, па не е ни чудно што лиценцираните хирурзи одбиваат да работат со неа.

Според Addiction Center, зависноста од пластични ја тера личноста постојано да сака да си го менува изгледот, па затоа се подлегнува на ризични операции и процедури.

Неретко, оваа желба за промена на изгледот потекнува од некаква несигурност.

Нормално, бројните пластични операции си носат и свои ризици, а Мери е одличен пример за тоа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.