Бишевац: Автомобилот ми е демолиран поради мојата критика кон власта

news
Advertisement

Сафет Бишевац во емисијата 24 анализа потенцираше дека апсурдот да биде поголем од ДКСК, деновиве обвинителството барало список на сите иницијативи што Комисијата ги поднела до обвинителството.

Advertisement

Фактот е дека таму нема ниту една поведена иницијатива што вродила со плод, зборува за односот на власта. Феноменолошки, корупцијата стана проблем откако се разбра дека американската амбасадорка укажа на тоа. Дотогаш корупцијата беше присутна, но не дозволуваа да се дознае за неа. Треба владејачка гарнитура која ќе почне државата да ја гради од темел. Ноќеска ми беше демолиран автомобилот и сметам дека тоа е поради мојата критика кон власта, рече Бишевац.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.