Болка во коските, висок крвен притисок и тага: Симптоми дека ви недостасува важен витамин

news
Advertisement

Витаминот Д (познат како сончевиот витамин) помага во зајакнување на коските и мускулите и неговиот недостаток може да доведе до проблеми со здравјето. Недостигот на витамин Д е поврзан со срцеви болести, болести на дебелото црево, на простатата и уште многу повеќе.
Погледнете некои од главните симптоми на недостиг на витамин Д, кои можеби сте ги превиделе.
Болка во мускулите и коските
Постојаната болка од овој тип е еден од примарните знаци на недостаток на витамин Д. Вашето тело престанува да гради коскена маса околу 30-тата година од животот, а недостатокот на витамин Д може да ги забрза или влоши симптомите на остеопороза.
Често се чувствувате тажно
Дали сте постојано тажни без посебна причина? Депресијата и промените во расположението често се поврзани со недостаток на витамин Д во вашето тело. Серотонинот, хормонот одговорен за расположението, се стимулира во зависност од количината на витамин Д. Многу истражувања покажаа дека зголеменото изложување на сонце може да ги направи луѓето посреќни.
Хронична болест на непцата
Внесувањето доволно витамин Д е исто така важно за вашето орално здравје. Пародонталната болест е хронична состојба кога бактериите предизвикуваат отекување и распаѓање на непцата. Некои студии укажуваат на директната улога на сончевата светлина во намалувањето на ризикот од пародонтална болест.
Висок крвен притисок
Хипертензијата, позната и како висок крвен притисок, е уште еден знак дека вашето тело има недостаток на витамин Д. Истражувањата покажуваат дека постои врска помеѓу витаминот Д и хипертензијата.
Замор и сонливост
Ако се чувствувате уморни без причина, тогаш тоа може да биде затоа што вашето тело е помалку изложено на сончева светлина и други извори на витамин Д. Истражувањата го поврзуваат недостатокот на витамин Д со синдромот на хроничен замор. Ниското ниво на витамин Д во телото ќе направи да се чувствувате летаргично. Овој симптом е особено изразен кај постарите луѓе.
Промени во расположението
Како што споменавме претходно, рецепторите на витамин Д се наоѓаат во многу делови од мозокот кои влијаат на вашето расположение и емоции. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на витамин Д е тесно поврзан со менталните болести како што се стресот, анксиозноста и депресијата.
Прекумерна тежина
Истражувањата покажуваат дека недостатокот на витамин Д е поврзан со развојот на дебелината и го зголемува ризикот од компликации поврзани со дебелината. Витаминот Д им помага на дебелите пациенти да изгубат тежина. Ако брзо сте добиле вишок килограми, дури и ако редовно вежбате и се воздржувате од прејадување, недостатокот на витамин Д може да биде една од главните причини.
Дигестивни проблеми
Недостатокот на витамин Д може да влијае на дигестивни проблеми. Сончевиот витамин му помага на вашиот дигестивен систем правилно да ги апсорбира мастите. Недостатокот на витамин Д може да доведе до бројни цревни проблеми како што се нетолеранција на глутен, воспалителна болест на цревата и кронова болест.
Алергии
Истражувањата покажуваат дека недостатокот на витамин Д исто така игра улога во развојот на многу алергиски реакции. Витаминот Д игра важна улога во одржувањето на многу алергии со регулирање на имунолошкиот систем. Некои од алергиите поврзани со овие ситуации вклучуваат астма, алергии на храна, егзема, алергиски ринитис и анафилакса.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.