Бомба на Латас вечерва: Ова не се единствените две убиства на Палчо – човек кој убива првпат не може така да реагира и да се однесува!

news
Advertisement

Да има два полицајци со минимум 15-20 години искуство во полиција и двајца обвинители со минимум 15 години обвинителски стаж, да им се дозволи да работат автономно, стручно, без притисоци, без мувања, без ништо, дека случајот ќе го решат, и мотивот, и начинот, и деталите, и се. Во Македонија има луѓе, и во обвинителство и во полиција кои ја знаат работата, изјави вечерва новинарот Драган Павловиќ Латас во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на телевизија Алфа.

Advertisement

Втората работа од која јас сум шокиран, скоро и колку веста за Вања. Јас го гледав Палчо во саати и во денови што се дешава непосредно пред убиството, првото убиство, времето до второто убиство и по второто убиство. Значи тој, условно, убива човек во Велес, потоа три четири дена живее најнормално во Скопје. Вториот ден има емисија на својот подкаст, убива девојче после тоа и си оди за Србија. И сега доаѓаме до заклучок, јас сум гледал луѓе во Србија кои беа по 10 години во војна, вклучително и Косово, 10 години. Сум гледал луѓе во Македонија кои имаа мини војна, луже со пореметен ум, од ратови, од убиства, инвалиди, загинати, сешто. Но, не сум видел таква концентрација, таква контрола на зло, така пореметен ум кој е опериран од емоции само во еден филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ за Ханибал Лектор и Палчо. Само овие две лица, кои на филм убиле, и кои веројатно во живот убиле се однесуваат така, рече Латас.

Она што привлекува посебно внимание во зборовите на Латас се тврдењата, односно проценките, дека ова не се единствените две убиства на Љупчо Палевски – Палчо. Според него, човек кој убива првпат не може така да реагира и да се однесува.

– Моја претпоставка е, знаејќи го условно човекот, знаејќи ги институцииве во државава како која се купува, како која се продава и клановите кои се, и ставајќи го елементот како амалгам на Палчо ликот и неговото однесување, ако ги добиеме двата искусни полицајци од типот на Џанго, од типот на Бојчевски, од типот на Лазе, од типот на Џони, таков тип, два, и двајца обвинители со 15 години, основано претпоставувам дека ова не е единствено убиство на Палчо. Прво убиство на човек, ако е прво, не може така да реагира и да се однесува, не може. Јас само сакам два обвинитела и двајца полицајци да ги истражат овие две убиства, но и наназад, рече Латас.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.