Брнабиќ: Апсењата на Србите на Косово претставуваат кршење на сите цивилизациски норми

news
Advertisement

Брнабиќ нагласила дека Белград е целосно подготвен да го продолжи дијалогот со Приштина. Сепак, таа смета дека спроведувањето на веќе потпишаните договори и нивната примена на терен е клучно за продолжување на дијалогот и понатамошна работа на идните договори
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска се сретна со Габриел Ескобар, специјален пратеник на САД за Западен Балкан. Тема на средбата биле актуелните тензии во Косово, каде акцент бил ставен на положбата на Србите на северот на Косово, пишува Телеграф.

Advertisement

Српската премиерка тврди дека апсењата на граѓани од српска националност без никакви докази или обвиненија претставуваат кршење на сите цивилизациски норми и основни постулати на владеењето на правото. Таа додава и дека апсењето на поранешниот полицаец е само едно во низата прекршувања на потпишаните договори, чиешто спроведување го гарантира Европската Унија.

Брнабиќ нагласила дека Белград е целосно подготвен да го продолжи дијалогот со Приштина. Сепак, таа смета дека спроведувањето на веќе потпишаните договори и нивната примена на терен е клучно за продолжување на дијалогот и понатамошна работа на идните договори. Истовремено, таа првенствено ја нагласила важноста од формирањето на Заедницата на српските општини во Косово.

Брнабиќ потсетила дека се наближува десетгодишнината од потпишувањето на Бриселскиот договор, а Заедницата на српски општини се уште не е формирана. Српската премиерка рекла дека Србија е трајно посветена на мирот и стабилноста во целиот регион и повторила дека спроведувањето и почитувањето на веќе постигнатите договори ќе придонесе за побрзо стабилизирање на ситуацијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.