Свртел погрешно и пропаднал во бездна- никој не верува дека преживеал пад од 20 метри

news
Advertisement

Канадски турист доживеал несреќа на оддалечен пат на Хаваи, откако со изнајмен џип влетал во провалија длабока 20 метри.

Advertisement

Мажот (27), чие име не е објавено, најверојатно погрешно свртел и завршил во провалија. Испаднал од возилото и паднал во море.

Крајбрежната стража и пожарникарите биле испратени на местото на настанот. Нив ги повикале рибари кои ја виделе несреќата, пренесува ABC News.

Драмата се одвивала во неделата, во раните утрински часови, во областа Саут Поинт.

Очевидци велат дека џипот излетал од патот, а мажот испаднал од совозачката врата и завршил во морето. Спасувачите го пронашле на околу стотина метри од брегот.

Веднаш штом бил извлечен на брегот бил пренесен во болница, а лекарите констатирале исекотини и блага хипотермија.

Еден од рибарите рекол дека туристот имал голема среќа, а изнајмениот џип се превртел и се заглавил на карпите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.