Бројките се слични секој месец, речиси 5.000 работодавачи немаа исплатено плата за август, вели Лукаревска

news
Advertisement

Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Advertisement

-Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминуваме овие појави, изјави Лукаревска.

Забележа дека овие бројки се слични секој месец, но, како што рече, мора државата и институциите да се борат, бидејќи исплатата на плата е човечко право.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.