Четворица членови на холандската репрезентација позитивни на Ковид-19

news
Advertisement

Во пресрет на вечерашниот пријателски меч против Франција, четворица членови на холданската репрезентација се позитивни на Ковид-19. Резултатите попладнево покажаа дека еден од позитивните е ракометарот Јорн Смитс, кој бил болен од Ковид-19 пред две недели, така што има добри шанси неговите вредности да се позитивни поради таа контаминација.

Advertisement

Покрај Смитс и тројца членови на персоналот имаат инфекција со Ковид-19, а тоа се помошникот тренер Ваи Вонг, физиотерапевтот Роберт Баардсе и менаџерот на тимот Маике Вилемс. Тие не покажуваат никакви симптоми.

На 15 јануари Холандија во 2. коло од групната фаза се среќава со Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.