Advertisement
Вања Ѓорчевска била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.
Advertisement
Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Инаку зградата е изградена од компанијата „Упа Ентерпрајз“, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.
Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти.
Извор. https://www.slobodenpecat.mk/vanja-bila-vrzana-i-stavena-vo-vrekja-za-spienje-vo-podrumot-na-zgradata-kade-shto-zhiveela/
Advertisement