Величковски: Поразот има име и презиме, директно Христијан Мицкоски, индиректно…

news
Advertisement

Поразот и непочнувањето на преговори на Македонија со ЕУ има имиња и презимиња, пишува на Фејсбук поранешниот пратеник Ивон Величковски.

Advertisement

– Шест месеци пред и еден ден по Брисел: Поразот има имиња и презимиња.

1. Директно, тоа се имињата и презимињата на пратениците и нивниот партиски претседател Христијан Мицкоски кои ги одбиваат уставните дополнувања.

Бидејќи тоа не е ниту “бугарски” ниту “европски” туку македонски диктат:

за рамноправност на граѓаните на Северна Македонија како предуслов

– за кршење на нерамноправноста на Македонците со системските Македонци.

2. Странично, тоа се (кабинетските ботови негувани од) Заев и Пендаровски и нивните невладини и медиумски антени што глумат “јавност”.

Бидејќи оваа гарнитура замислуваше нови 30 години власт шалтајќи се меѓу југо-македонизам, европеизам и православен панславизам – додека си “делкаат” функции и грантови.

3. Историски, тоа се сите претходни влади кои го кочеа уредувањето на односите со Грција и Бугарија за Македонија да остане врзана на европскиот пат со Србија, наместо со Словенија.

И сите поранешни западни амбасадори кои со децении го толерираа наративот “Македонија – лидер во регионот” за ние Македонците да останеме во сонот дека некој друг ќе ни ја заврши работата.

По линија на “командна одговорност” Ковачевски се покажа преинертен кон флертот на “гарнитурата” што ја наследи со валутните граѓанисти, тајкунски совјети и Античките Југословени распоредени околу него.

Оттука, според сојузништвата и постапките во следните пар недели, ќе покаже дали ќе биде точка 4 во ова набројување.

Или точка 1 во списокот на имиња и презимиња на победата на Северна Македонија во Брисел за шест месеци од денес.

На тој список ќе бидат имињата на сите нас што ќе ги натераме политичките чинители на промена на поведението со наше политичко дејствување.

Бидејќи нема друг начин за да си ја оствариме европската цел. Сакате како народ, сакате како нација сеедно.

И за крај: Украина и Молдова добија награда – но и дополнителни предизвици приближувајќи се кон статусот Составен дел од непосредната европска граница на Путинизмот.

Предизвици кои се во доменот на европските егзистенцијални критериуми и се многу потешки од Копенхашките. – напиша Величковски на Фејсбук.

Извор. https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%be%d1%82-%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d0%b8%d0%bc%d0%b5-%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b8%d0%bc%d0%b5/?fbclid=IwAR0NGGMAnPi3VKkQDSitppj9hlGy_Ro8HXwb91kaEDnvpdFT-nwo_CxHD1Y

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.