(видео)Бабовски во Топ Тема: Покрај пестициди имаме и случаи со тешки метали, како во пратка на вино за извоз

news
Advertisement

На темата дали во Македонија има црн пазар на пестициди, кои се користат во земјоделието, а се забранети за употреба. Има ли неконтролирана и прекумерна употреба на земјоделски препарати од страна на македонските земјоделци и ако тоа влијае врз јавното здравје на нацијата, вечерва во Топ Тема дебатираа Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, проф. д-р Нико Беќаровски од УК за Токсикологија и проф. д-р. Илија Каров, поранешен декан на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип.

Advertisement

„Покрај пестициди имаме и случаи со тешки метали, еве пратка на вино кое во цистерни се извезуваше во странска држава и тоа вино при анализата се заклучи дека има количини на тешки метали, во случајот тоа беше олово и тоа беше вратено назад во државата. Виното не е уништено затоа што преку процесот на дестилација добиен е дестилат каде што нивото на оловото е под границите и тука нема никаква опасност“, рече Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

„За жал ние се уште имаме случаи на труења со забранети пестициди, ова не е единствениот случај со труење со ланата. Имаше и други случаи но пациентите преку инхалација го примиле и завршуваа на Клиниката за токсикологија. Многу чести се труењата и со етиол, етиолот е пестицид што веќе одамна во европските држави е исфрлен од употреба меѓутоа кај нас се уште се наоѓаат и се среќаваат“, објасни проф. д-р Нико Беќаровски од УК за Токсикологија.

„Иако имаме ние можеби добро организирана служба за контрола на пестициди, како Фитосанитарната лабораторија, која е акредитирана. Но таму не е проблемот, проблемот се појавува кога некој од земјоделските производи ќе биде извезен на странскиот пазар. Проблемот се јавува и кај нас кај корисниците на продукти од домашен пазар. Сите ние купуваме од зелените пазари, а тука треба да биде поголема контролата“, рече проф. д-р. Илија Каров, поранешен декан на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип.

„100.000 индивидуални земјоделци, мал земјоделец од еден декар, пет или десет, секој од нив има различно производство и различно искуство. Така што контрола на сите нив е невозможна. Дека постои црн пазар на пестициди јас до сега не сум слушнал“, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.