Трагедија во Нови Сад – маж ја убил девојката, па се самоубил

news
Advertisement

Маж на возраст од 34 години попладнево околу пет часот во центарот на Нови Сад ја убил својата дваесет и седумгодишна девојка, а потоа се самоубил, јавуваат срспките медиуми.

Advertisement

Според првичните информации, на мажот кој ја застрелал својата девојка имал забрана за приближување поради пријава за насилство и му било одземено оружјето. Тој работел во продавница за оружје која се наоѓа недалеку од козметичкиот салон во којшто работела девојката и украл оружје со кое го извршил убиството.

Инаку, како што јавува Н1, тој бил ловец и поседувал оружје легално, се додека не му било одземено оружјето поради пријавата.

Денеска попладне тој во козметичкиот салон ја уби својата девојка, потоа себе. Прво пукал во излогот на салонот, а потоа влегол внатре и испукал четири куршуми во девојката. Потоа пукал во себе, а двајцата починале на лице место.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.