(ВИДЕО+ФОТО) ИМА 160 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА СМЕТКАТА, НО НЕМА ДА ОСТАВИ НИ ДЕНАР НА ДЕЦАТА: „Ако умреш богат, не си успеал“

news
Advertisement

Ова не го разбрале сите фанатици, па со своите пари си ги разгалуваат децата, а само во ретки случаи се оние кои не планираат да им остават на децата никакво наследство, а секој од нив има свои причини за тоа.
Даниел Крег, 50 Сент и Сајмон Кауел се дел од познатите богаташи кои не планираат да остават никакво наследство на своите деца, а секој од нив има свои причини за тоа.

Advertisement

На пример, Марлон Брандо, Шон Конери, Кирк Даглас и Филип Сејмур Хофман не оставиле ниту денар на своите деца по нивната смрт, иако секој од нив стекнал вистинско богатство во текот на својот живот, главно за да ги мотивираат да заработуваат за живот, а со таа филозофија се водат и некои од најпознатите ѕвезди на денешницата

Богатството на актерот кој го играше агентот 007 се проценува на околу 160. милиони долари, од кои најголемиот дел ги стекна играјќи го Џејмс Бонд. Но, неговите две ќерки веројатно нема да добијат ниту цент од тоа. Даниел израснал во сиромашно семејство, татко му бил морнар, а мајка му учителка, па смета дека секој треба сам да заработува за леб. На актерот целиот концепт на наследство му е невкусен и смета дека секој треба да ги потроши сите пари што ги заработува во текот на својот живот.
„Зарем не постои старата изрека дека ако умреш како богат човек, тогаш не си успеал? Не сакам да оставам големи суми пари на следната генерација. Мислам дека наследството е прилично невкусно. Мојата филозофија е да се ослободам од парите или да ги подарам пред да заминам“, рекол прославениот актер./ekran.mk/


Расправијата меѓу раперот и неговиот син Маркис е тема која веќе подолго време кружи низ медиумите. Тие никогаш не изградиле врска и раперот наводно нема никакви татковски чувства кон својот син, а кога решил нивната приватна преписка да ја објави јавно, му се заканил дека ќе го исклучи од тестаментот. Според последните проценки, 50 Cent на својата банкарска сметка има околу 52. милиони долари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.