Уапсен и директор на компанијата: Во ИНА се купувал поевтин гас во Хрватска, па се препродавал поскапо во странство

news
Advertisement

Хрватската полиција и Одделот за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) спроведуваат голема акција во која се уапсени повеќе лица. Според сомневањата, тие се поврзани со злоупотреба и перење пари на штета на компанијата ИНА, а меѓу уапсените е и еден од директорите на компанијата.

Advertisement

Како што објави „Јутарњи лист“, станува збор за кривични дела злоупотреба и перење пари на штета на ИНА, а се уапсени во Загреб и сплитско-далматинската област. Според сомнежите на истражителите, во тие незаконски дејствија е оштетена ИНА за огромна сума – повеќе од 13 милиони евра.

Според дел од хрватските медиуми, еден од директорите на ИНА договорил поевтина набавка на гас во Хрватска со цел истиот гас да се препродава во странство по многу висока цена, при што дел од разликата добил како награда.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.