ВМРО: Арсовска да даде оставка, таа е деструктивна и криминална до коска

news
Advertisement

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која според нив е деструктивна и криминална до коска. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неспособноста на Арсовска беше закана за масовна зараза во Скопје и дека градоначалниците нма скопските општини од ВМРО-ДПМНЕ го чистат ѓубрето.

Advertisement

„Со денови не се собира ѓубрето во Скопје поради неспособноста на Арсовска и градската власт. Вчера во текот вечерта и доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците. Но неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП Дрисла одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.