ВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски е задоволен од барањето за избори во мај, нека ја распушти владата во февруари

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски во врска со понудата на опозициската партија за предвремени избори во мај.

Advertisement

Еве ја во целост реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Му благодариме на Ковачевски што е јавно задоволен со барањето за избори во мај, и еве ако е прифатливо за него, владата да се распушти во февруари и Македонија да оди на избори. Се надеваме меѓу два стратешки состаноци за барање на странска помош за справувања со кучиња бездомници и чекањето на списокот со задачи кој треба да му го донесе Али Ахмети по тиранската средба, Ковачевски нема да го смени мислењето и да исчезне благодарноста за избори во мај“, велат од партијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.