ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисот со лекови на Онкологија бил возможен само со знаење на високи структури во клиниката и во власта

news
Advertisement

Со кој образ владата на ДУИ и СДС води кампања дека тие се Европа, а Македонија ја тресе скандал со Клиниката за онкологија и правењето бизнис со терапијата на грбот на пациентите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со случувањата во оваа здравствена установа.

Advertisement

„Овој скандал не е од вчера, овој скандал трае со месеци наназад, а можеби и две години. Злоупотребата на скапата терапија, која наместо кај пациентите завршувала на црниот пазар не можела да се случува без знаење на највисоките структури во клиниката и во владата. Зошто МВР и Обвинителство молчеле цело ова време и покрај реакциите од јавноста. Зошто дозволувале некој да прави бизнис на сметка на животите на пациентите? Свесни ли дека доколку реагирале пред година или две или пред неколку месеци, нечиј живот можел да биде спасен или продолжен? велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И половина да е точно од тоа што го објавија медиумите, пишува во реакцијата од партијата, е огромен скандал и затоа бараат да има и политичка одговорност.

„За овој скандал со злоупотреба на терапијата на Клиниката на онкологија мора да има политичка одговорност за молчењето и бавната реакција, но и темелна истрага после која ќе следи кривична одговорност. Доколку тоа не се направи сега, со овие киднапирани институции и киднапирано правосудство, одговорност ќе следи за многу скоро потоа после смената на власта“ порачуваат од опозицијата.

За потсетување, неделникот „Фокус“ минатиот период објави серија текстови за постоење разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање на скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно, биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката. Во системот, според пишувањата на неделникот, се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од вистинските пациенти им се давала половична терапија и на тој начин скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар.

По ваквите информации, Основното јавно обвинителство Скопје отвори предистрага и во петокот попладне влезе во Клиниката. Вчера соопштија дека претреси биле направени и во два приватни стана во Скопје. а биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација кои понатаму ќе се анализираат и вештачат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.