ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска уценета со кривични пријави е најдобриот играч на СДС и Ковачевски и дел од новоформираната коалиција на СДС

news
Advertisement

LДанела Арсовска е уценета и одработува за СДС и Ковачевски.

Advertisement

Данела Арсовска самата се вброи во новоформирана коалиција која е финансирана и контролирана од пара полициските структури на СДС.

Вистинското прашање е што е уцената позади која Арсовска е принудена да одработува за СДС и да брка луѓе од работа.

Дали е тоа поради тоа што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, незаконски дејанија кои ги потврди и Европската инвестициска банка?

Дали е поради тоа што Арсовска се доведуваше во поврзаност со палењето на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори и непревземањето на МВР на конкретни дејанија за овој случај?

Дали Арсовска е принудена да одработува за СДС за да се спаси од кривичен прогон влегувајќи во новоформираната коалиција на уценети одработувачи на власта?

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.