Расте бројот на жртви во експлозијата во рудник во Турција, досега над 40 загинати

news
Advertisement

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер напиша: „Посакуваме загубата на животи да не биде поголема и нашите рудари да бидат спасени живи и здрави“

Advertisement

Бројот за загинати работници во експлозијата во рудник во Турција постојано се зголемува. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека досега се загинати најмалку 40 работници.

„Имаме 40 мртви. Во болниците има 11 повредени, од кои шест во градските болници Кам и Сакура, а тројца во државната болница Бартин, двајца се во приватни болници. Едно повредено лице е пуштено од болница“,

рече Сојлу, кој беше на местото на несреќата.

Сојлу додаде дека 58 рудари се спасени од вкупно 110.

„Неизвесно е што се случува со еден од нашите рудари, потрагата и спасувањето моментално е во тек“,

додаде Сојлу.
Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин вчера во 18:15 часот по локално време.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер напиша: „Посакуваме загубата на животи да не биде поголема и нашите рудари да бидат спасени живи и здрави“.

На првите слики што ги објавија турските медиуми од влезот во рудникот се спасувачки и медицински екипи, како и членови на семејствата на затрупаните рудари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.