ВОНРЕДНА МЕТЕО ВЕСТ: ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ И ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ ОД ЗАПАД И СЕВЕРОЗАПАД ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ МАКЕДОНИЈА!

news
Advertisement

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и северозапад во следните часови и тоа од западните предели ќе започнат поројни врнежи од дожд. Локално ќе биде и нестабилно со грмежи и СИЛЕН ВЕТЕР. Според последните податоци најмногу врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Advertisement

Локално ќе има услови за појава на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со услови за појава на град.

Нестабилно со врнежи и грмежи, како и со повремено засилен ветер ќе биде и во Скопскиот регион.

Од недела, па во текот на следната седмица поради продор на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север температурите ќе опаднат дури за околу па и за повеќе од 10 степени. Во недела ќе дува и засилен северен ветер. Исто така од недела во текот на денот па се до вторник времето ќе биде претежно стабилно. Нова промена барем одсега гледно ќе има во среда кога е можен и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија.

Снег овој викенд ќе падне и на највисоките планински места во регионот.

НАПОМЕНА: Во случај на појава на НЕВРЕМЕ во следните часови препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Температурите од недела ќе бидат под просекот за овој период од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во текот на следната седмица наутро ќе биде и доста свежо, па дури и СТУДЕНО со минимални температури кој на многу места ќе се спуштат и под 10 степени, а понекаде дури и под 5 степени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.