ВМРО-ДПМНЕ да ти било про-запад, а Европа заложник на Русија

news
Advertisement

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Европа била доведена во заблуда од страна на политичарите од земјава и регионот и одработувала за руската политика на Балканот. Со ваквите ставови, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ покажува основни непознавање на актуелните геополитички случувања, но што е уште посериозно и на начинот на кој функционира Европската Унија, каде што земјава се стреми да биде членка.

Advertisement

Со ваквите ставови, Мицкоски отворено застанува наспроти ЕУ, но и нашите меѓународни партнери, кои работат и се трудат да ја видат земјава интегрирана.

„Мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи ѝ на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател и додека сум, жив нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот“ рече Мицкоски пред Унијата на ветерани.

Обвинувајќи ја Европа дека била заложник на руски интереси и поставувајќи се како единствен бранител на прозападната струја, заблудата на Мицкоски, а не на Европа излегува на виделина.

Со негласањето на уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ е партијата што ќе стави вето на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија и за прв пат тоа вето, наместо од надворешна, трета страна, ќе дојде од лидерот и партијата кои се обидуваат пред граѓаните да се претстават како патриотски.

Токму Мицкоски, кој се обидува да се претстави како прозападен, беше единствениот политичар кој не аплаудираше за членството на Северна Македонија во НАТО, заедно со неговиот партнер од Левица, Димитар Апасиев, кој отворено е против евроатлантската определба на земјата.

Очигледно политиката на ВМРО-ДПМНЕ е про-блокаторска, откако повеќе од десет години ја држеа земјава изолирана и блокирана, го бојкотираше референдумот кој донесе членство во НАТО, а сега ја блокира европската интеграција и продолжувањето на преговорите за членство во ЕУ.

ИЗВОР: https://civilmedia.mk/vmro-dpmne-da-ti-bilo-pro-zapad-a-evropa-zalozhnik-na-rusija/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.