ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори зошто гласал за промена на име на улицата од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“

news
Advertisement

„Лицемерот Димитар Ковачевски глуми револтираност, а всушност тој лично пред две години на седница на влада од позиција заменик министер за финансии гласал за преименување на улицата од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„Истиот тој Демачи нема никаква поврзаност ниту со Македонија, ниту пак со Скопје. Ковачевски свесно се откажал од најпознатата македонска воена единица од Втората Светска војна, во замена за славење на Демачи.

И наместо денеска да глуми лажна загриженост, Ковачевски мора да одговори зошто гласал на промена на име на улицата од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“? Чија била наредбата да гласа и уште за колку вакви одлуки Ковачевски кренал два прста, а граѓаните не знаат“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите веднаш мора да реагираат и да ја испитаат деловната способност на Ковачевски, бидејќи не сме сигурни што друго е следно да биде гласано и потпишано од страна на Ковачевски, а е на штета на граѓаните и државата.

Токму поради ова и многу други скандали и претходно баравме утврдување на деловната способност на Ковачевски.

Република Македонија и граѓаните го имаат трајно неспособниот премиер Ковачевски кој не е во состојба да расудува“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.