Харадинај бара Курти да се огласи за апсењето на советникот обвинет за шверц на дрога

news
Advertisement

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, побара од косовскиот премиер и претседател на Самоопределување, Албин Курти, да реагира на апсењето на Бесник Мујечи, советникот на тоа движење, кој беше фатен во Албанија за шверц на дрога.

Advertisement

Албин, дали си со обвинителот или со Мујеци. Живеј!“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Според Харадинај, Курти досега застанал на страната на обвинетите за корупција.

„Курти досега стоеше на страната на обвинетите за корупција и други злосторства. Добро би било сега да се огласи за да го знаеме неговиот став“, напиша Харадинај.

Курти до сега не реагирал на апсењето на Мујечи, а Самоопределување објави дека Мујечи е исклучен од партијата, јавуваат Репортери.

Од друга страна, реагираше министерката за правда, Албулена Хаџија, која ги нарече смешни реакциите на опозициските партии во Косово, по веста за апсењето на Бесник Мујечи под обвинение за транспорт на дрога вредна 400 милиони евра.

„Што се однесува до обвинувањата на опозицијата, ми се смешни бидејќи кога не си верувате во тоа што го кажувате, многу е тешко некој друг да ви поверува. Веруваме дека таквите обвинувања се упатуваат кога немате факти. а вие само се обидувате да фрлите пепел во очите на граѓаните“, рече таа.

Бесник Мујечи беше уапсен во вторникот во Тирана под сомнение за шверц на дрога, а тој беше меѓу петтемина уапсени.

Како што соопшти албанската полиција, таа група била фатена со повеќе од 11.000 таблети дрога екстази вредна 400.000 евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.