Во Косовските општини со српско мнозинство победија партиите на Курти и Тачи

news
Advertisement

Ова се првичните резултати во општините северно Косово, со мнозинство српско население.

Advertisement

Во Косово се одржаа локални избори во четирите северни општини, гласови кои беа бојкотирани од Српската листа која управуваше со овие општини се додека не одлучија да ги напуштат институциите.

Изборите се карактеризираат со слаб одѕив на гласачите од 3,47 отсто.

Во Северна Митровица движењето Ветевендосје со кандидатот Ерден Атиќ освои 69,8 отсто од гласовите, ПДК со Таулант Криезиу 22,9 отсто, а Бетим Османи од Граѓанската иницијатива за Митровица 7,3 отсто.

Во Зубин Поток победи Измир Зеќири со 52,1 отсто против Флатрон Хасан од ЛВВ со 47,9 отсто од гласовите.

ПДК победи и во Звечан со кандидатот Илир Печи кој освои 60,0 отсто од гласовите, додека контракандидатот Фетах Пеци од ВВ доби 34,4 гласови. Слаѓана Пантовиќ доби вкупно 2,6 отсто од гласовите.

Во Лепосавиќ, кандидатот на Движењето Ветевендосје, Лулзим Хетими победи со 73,5 отсто против Албулена Бехлулу Хетими со 25 отсто од гласовите. /Експрес весник

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.