Во кутија на преминот Табановце најдени пари за време на акцијата на Оранизиран криминал и корупција

news
Advertisement

Во картонска кутија на ГП ,,Табановце” од страна на полицијата пронајдени се банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири, потврдија за Телма полициски извори.

Advertisement

Вечерва на Граничниот премин Табановце имаше акција на Обвинитрлството за гонење на организиран криминал и корупција и полицијата, во рамки на истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници.

Акцијата предизвика повеќечасовен застој на преминот и незадоволство на граѓаните кои со часови чекаа да влезат во Македонија.

МВР најави детали за акцијата утре, а првичните информации говорат дека е најдена кутија со пари од различни валути.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.