Во Собранието заглави точката за избор на уставни судии

news
Advertisement

Собранието попладнево ја продолжи расправата за дневниот ред за 88. пленарна седница, на пратениците се уште не го усвоија дневниот ред. За пратениците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица спорна е втората точка, односно предлозите за избор на уставни судии. Тие бараа таа точка да биде тргната од дневниот ред.

Advertisement

Само двајца од тројцата кандидати за нови уставни судии стигнаа на пленарна седница бидејќи предлогот за избор на Љубомир Јовески сè уште е заглавен во матичната комисија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе покренат интерпелација за претседателката на комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска и оти ќе се разгледа целата постапка за избор на нови судии на Уставниот суд.

Комисијата за избори и именувања ги одобри имињата на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева, и двајцата како предлози на Владата.

Уставниот суд работи само со пет од деветте членови.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.