Трипуновски: Над милион евра профит прават фирми преку набавка на српска пченица за државата по повисока сума од берзанската, а цехот го плаќаат граѓаните

news
Advertisement

Пред 6-7 месеци власта не убедуваше дека стоковите резерви се полни, дека нема проблеми со залихи, за денеска да дојдеме до 2 тендери од Агенција за стокови резерви каде што гледаме дека за астрономски суми набавиле преку 20.000 тони пченица и тоа српска, а не македонска. Тие 2-3 фирми кои ги добиле тендерите направиле милионска сума профит, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ во „Што не е јасно“ на Алфа.

Advertisement

Како што појасни Агенцијата за стокови резерви распишала два тендери по два лота за набавка на секој лот по 5000 тони пченица, симптоматично се јавуваат 2 или 3 фирми.

-Едниот го добива фирма од Тетово Кока Е Арт за 5000 тони, за сума од 128.310.000 денари околу 2,1 милион евра, а потоа другиот лот го добива фирма Агроглобал за 5000 тони и тоа за сума од 138 милиони денари, околу 2,2 милиони евра. За месец и половина повторно е Кокра е арт, и сега Млин Аргулица. Вкупната сума која е потрошена за овие фирми е 532 милиони денари, односно околу 9 милиони евра. Проблемот е тоа што оваа пченица е со српско потекло и ако ги отворите берзите во Нови Сад ќе видите дека се тргува по 20,5 денари, а оваа пченица е купена по 26 денари, а другите договори по 27 денари за килограм пченица, рече Трипуновски.

Тој нагласи дека плаќаме српска пченица од 27 денари во време кога цената на берзата е 20,5 денари, а македонската пченица се продаде за просек 17,5 до 18 денари.

-Значи имаме ситуација каде што овие 2-3 фирми прават сериозен профит. Ако се направи математика, со транспортот испаѓа дека треба да платат 22,5 денари, а до 27 има профит по килограм и добиваме дека е направен сериозен профит од илјадниците тони. Испаѓаат 1,4 милиони евра има профит кој ќе го поделат овие фирми. Цехот ќе го платат граѓаните, рече тој.

Трипуновски нагласи дека и да морало да се купи пченица од Србија, власта требало да засука ракави и да појдат во Србија да преговараат за пченица по цена на берзите, тогаш сумата ќе беше 450 милиони денари, а не 532 милиони денари.

-Она што загрижува е македонската пченица најголем дел остана неоткупена или се откупи по п0ониска цена и тоа е понижувачки. Ги оставате на цедило македонските земјоделци, а гледаме како ги молат земјоделците повеќе да произведат за наредна реколта. Зошто не купија македонска пченица, вели Трипуновски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.