Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи

news
Advertisement

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа во источните делови засилен повремено силен ветер од јужен правец, кој во Виница достигнуваше брзина до 75 km/h. Изутринава е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, во источните делови во планинските региони проследени со грмежи. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Advertisement

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Од УХМР соопштија дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.