Приведен крадец во Свети Николе, расчистени 10 кривични дела „тешка кражба“

news
Advertisement

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба“ извршени на 10.03.2024 од продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари, соопштуваат од МВР.

Advertisement

Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела, од слобода е лишен В.Б.(41) од Свети Николе.

– Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани, известуваат од полицијата.

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.