Во Шкотска пронајдено починато момче во соба –Дали е жртва на смртоносен предизвик од социјалните мрежи?

news
Advertisement

Лорин Китинг (30) од Шкотска минатата недела го пронашла телото на својот син тинејџер во неговата спална соба. Таа тврди дека учествувал во т.н предизвик за затемнување.
Во истиот предизвик учествувал и Арчи Батерсби, кој се здобил со фатална повреда на мозокот од која подоцна починал.
Имено, во овој предизвик учесниците не дишат додека не се онесвестат, што може да доведе до ниско ниво на кислород во мозокот предизвикувајќи напади, сериозни повреди и смрт.
Лорин Китинг затоа издаде предупредување до другите семејства.
– Еден од пријателите на Леон ми кажа дека учествувал во тој предизвик на FaceTime, откако го видел на Tik-Tok. Леон сакаше да биде првиот што ќе го проба. Тој и неговите пријатели мислеле дека тоа е смешно и забавно. Мислеа дека ќе се разбуди, но Леон не се врати. Сè тргна наопаку, рече Лорин.
– Ве молиме предупредете ги, овие онлајн предизвици не вредат за нивниот живот. Не вредат ниту лајкови, ниту за што го прават тоа, истакнала очајната мајка.
Смртта на Леон дојде неколку недели по смртта на Арчи Батерсби, кој исто така беше пронајден од неговата мајка. Арчи се здобил со повреда на мозокот поради која бил ставен на апарати за одржување во живот, од која бил изваден на почетокот на август.
Мајката на Арчи, Холи Денс, претходно изјави дека дури 82 лица се сомневаат дека починале како резултат на учеството во предизвик и дека многу повеќе деца се повредени во 14-те години колку што постои предизвикот

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.