Напишале многу казни, СУДОТ ИМ НАРЕДИ ДА „ПАУЗИРААТ“ ЕДНА ГОДИНА

news
Advertisement

Постои теорија која тврди дека казнувањето на возачите служи само за полнење на буџетот. Од друга страна, не можеме ни да замислиме како би изгледал патниот сообраќај без казни.
Еве еден таков пример од странство – полицијата во град во Арканзас доби забрана за пишување и наплата на сообраќајни казни за брзо возење за следната година само затоа што локалните полицајци покажале невиден жар.
Менифи има 274 жители, а властите го кршеле законот на Арканзас, кој забранува повеќе од 30% од приходите на градот од сообраќајни казни.
Во Менифи, ревизијата покажла дека овие казни сочинуваат повеќе од половина од приходот на градот. Градот само во 2020 година заработил повеќе од 120.000 долари од сообраќајни казни, а сега реагираше и судот и и забрани на полицијата да пишува казни.
Градоначалникот Гери Грин го обвинува шефот на полицијата, Џон Рандал за овој необичен настан.
„Кога го вработив, реков: не можеме да пишуваме казни за брзо возење кои се до 10 милји на час над лимитот. Но, полицајците пишуваа за брзини до 10 милји над дозволеното“, вели градоначалникот.
Така, сега локалната полиција извесно време не смее да пишува казни, но тоа не значи дека нема да има повеќе и дека возачите на патиштата ќе можат да дивеат.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.