Прекрасната Унгарка за која СИТЕ ЗБОРУВААТ – Постигна завидна кариера, го ЗАВЕДЕ половина Холивуд ФОТО

news
Advertisement

Унгарската манекенка Барбара Палвин ги маѓепса сите со неодамнешното појавување на филмскиот фестивал во Венеција, а нејзината убавина, грациозност и професионалност се добро познати во светот на модата.
Барбара е родена на 8 октомври 1993 година во Будимпешта, а на 13-годишна возраст била откриена од моден извидник кога се шетала со нејзината мајка. Набрзо почнала да се појавува на насловните страници на списанијата како L’Officiel, Vogue, Marie Claire, Glamour, Ele, а на 16-годишна возраст станала заштитно лице на Loreal, а наскоро и заштитно лице на „Acqua di Gioia“ на луксузниот бренд Армани.
Нејзиниот пробив на модните писти се случи во 2010 година, кога самоуверено носеше парчиња од модната куќа Прада во Милано, а работеше и за Миу Миа, Нина Ричи, Емануел Унгаро, Кристофер Кејн, Вивиен Вествуд, како и за многу други.
Таа беше дел од ангелите на Викторија, а во 2016 година магазинот Максим ја прогласи за една од најатрактивните жени во светот, заземајќи го четвртото место:
„Кога имав 13 години, го гледав шоуто на Викторија Сикрет и реков: „Еден ден ќе бидам таму“. Три или четири години подоцна, ја снимив кампањата PINK за ​​овој бренд. Сега се чувствувам како да сум предодредена да го работам ова. Ја добив понудата за Викторија Сикрет во вистинско време бидејќи сега конечно сум задоволна со себе и со своето тело“, изјави таа еднаш во интервју за магазинот People.
Често ја споредуваат со руската манекенка Наталија Водјанова, а дури и поранешната уредничка на британски „Вог“, Миранда Алмонд изјави: „Ја избравме Барбара, бидејќи има апсолутно извонреден изглед, нешто помеѓу младата Брук Шилдс и Наталија Водјанова“. Интересно, и самата Барбара изјавила дека Наталија и Кејт Мос и се омилени модели.
Што се однесува до приватниот живот, Унгарката ужива во љубовта со актерот Дилан Спраус, а нивното заедничко појавување во Венеција беше многу забележливо.
Пред Дилан, таа беше во врска со фудбалерот Нејмар, возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, пејачот Ед Ширан, Џастин Бибер и вечниот ловец на модели Леонардо ди Каприо.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.