Во еден дел на Европа четири месеци не се стемнува

news
Advertisement

Овој природен феномен се случува во Норвешка помеѓу 20 април и 22 август секоја година поради навалувањето на оската на Земјата, пренесе ЛедБајбл. Во овој период сонцето не заоѓа под хоризонтот, туку постојано кружи од едната до другата страна на небото, а во подрачјата под влијание на оваа појава се одржуваат бројни фестивали и разни активности како што е полноќен голф.
Неверојатни глетки може да се видат во областите блиску до Арктичкиот круг, како што се Финмарк, Тромс, Лофотен и Вестеролен, Хелгеланд, Бодо и Салтен, но вистинската магија се случува во Свалбард, регионот со најдолги периоди на полноќно сонце.
Тоа е група на острови во Арктичкиот Океан лоцирани приближно на половина пат од Норвешка до Северниот Пол. Таму сонцето непрекинато сјае во текот на целото лето, што го прави архипелагот дестинација од соништата за љубителите на фотографија. Покрај тоа, архипелагот е најголемото живеалиште за поларните мечки и многу туристи избираат да истражуваат пооддалечени острови и да набљудуваат диви животни.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.