Голема трагедија. Автобус падна во провалија. Многу загинати

news
Advertisement

Најмалку 18 загинати и 33 повредени откако автобус падна во провалија

Advertisement

Најмалку 18 лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во западно Мексико, соопштија локалните власти, цитирани од светските агенции.

Обвинителството во мексиканската држава Најарит, каде што се случи несреќата, соопшти дека возилото паднало на околу 15 метри во провалија во саботата вечерта на автопатот што ги поврзува главниот град на државата Тепиќ и одморалиштето Пуерто Ваљарта.

„Од самиот почеток работевме во координација со различните федерални и државни органи за да им пружиме итна помош на жртвите“, се вели во соопштението на обвинителството објавено на Твитер, додава БТА.

Властите соопштија дека меѓу загинатите има 11 жени и седум мажи. Најмалку 11 малолетници се примени во болница за да добијат лекарска помош

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.