Демири: Голем број од обвиненијата против Мерко ќе застарат

news
Advertisement

Со неодамнешните измени на Кривичниот законик, сите 16 активни предмети, кои се водат против, струшкиот градоначалник,Рамиз Мерко, година најверојатно ќе застарат, односно Мерко нема да одговара, за злоупотреба на службена положба според поранешниот член 353, став 5, кој со измените е укинат вели за Алсат, адвокатот, Ардијан Демири. Според него сето ова го става под знак прашалник ангажманот на сите фактори, кои сакаат да придонесат за владеење на правото во државата. Демири додава дека Мерко би можел евентуално да одговара само за дела злоупотреба на службена положба сторени после 2018, доколку системот функционира.

Advertisement

„Со овие измени се промени застареноста,односно релативната и апсолутната застареност за гонење на ваквите кривична дела.Од поранешните 10 години потребни како време изминато од стореното кривично дело ,со новите измени тоа кривично дело застарува за 5 години,а апсолутно за шест години од денот на стореното дело.Што значи дека сите кривични дела за кои се сомничи Мерко до 2017 година, тие 16 дела за кои што се гони, можеме слободно да кажеме дека тие се застарени, односно дека неможе за таквите дела Мерко да одговара“, вели Демири.

Од Јавното обвинителство не прецизираат дали делата на Мерко се застарени.

„Предметите се однесуваат на различни пријавени дејствија и различни временски периоди.Во секој предмет поединечно, во зависност од конкретните околности,надлежните јавни обвинители ги применуваат сите законски одредби, вклучително и последните измени на Кривичниот законик“, велат од ЈО.

Постапките против Мерко не се интензивираа ниту откако тој беше ставен на американската црна листа – иако од тогаш поминаа 4 месец..

„Кај нас градоначалниците се бели мечки. Поинаку неможе да се разреши, освен ако е осуден со казна затвор над 6 месеци“, вели Владо Чингоски- адвокат.

На Мерко ова му е четврти мандат, како градоначалник на Струга.

Извор: https://alsat.mk/mk/demiri-golem-broj-od-obvinenijata-protiv-merko-ke-zastarat/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.